Мојот став е до наредна седница, следната недела на Владата да чекам, значи пред распишување на избори, доколку нема предлог конкретен по однос на она што е драфтот, по претпоставка дека е усогласен затоа и го пратиле како драфт за да се дистрибуира до пратениците да го пуштат во постапка, тогаш Владата уште еднаш ќе го разгледа како материјал тој драфт, ќе го прати во Собранието во соодветна постапка и тогаш настапуваат обврските на Собранието да го донесе Изборниот законик, вели премиерот во преодната влада
Ако Изборниот законик со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР не се изгласа пред распишувањето на изборите следната недела, Владата ќе го разгледа драфтот од Министерството за правда и откако ќе помине на седница ќе го прати во законодавниот дом, изјави премиерот во преодната влада во интервју за МИА, кој веќе втора недела е на чело на Владата.
Вели дека се прават подготовки за изборниот процес, односно дека формално тоа се предактивности во очекување на распишување на изборите, а се прават подготовки и во однос на она што е вклученост на меѓународните фактори и институции кои имаат надлежности и интерес за следење на процесот на избори.
„Мојот став е до наредна седница, следната недела на Владата да чекам, значи пред распишување на избори, доколку нема предлог конкретен по однос на она што е драфтот, по претпоставка дека е усогласен затоа и го пратиле како драфт за да се дистрибуира до пратениците да го пуштат во постапка, тогаш Владата уште еднаш ќе го разгледа како материјал тој драфт, ќе го прати во Собранието во соодветна постапка и тогаш настапуваат обврските на Собранието да го донесе Изборниот законик“,
рече Џафери.
Според него, изборот е со двотретинско мнозинство, па затоа пратениците треба да престанат да се занимаваат со расправа околу процедурата, туку треба да обезбедат на претседателот на Собранието да може да има предуслови да дојде што побрзо точката на дневен ред и што побрзо да се изјаснат пратениците.
„Опозицијата треба да прави напори да обезбеди соодветна комуникација со политичките партии што одлучуваат, што имаат глас во Собранието“,
вели тој.
Џафери во интервјуто не се изјаснува зошто парламентарните партии не можат да се усогласат за Изборниот законик, но потврди дека прашање за Изборниот законик добил и на вчерашната средба со амбасадорите на Европската Унија.
„Прашање за Изборниот законик денеска ми се постави и од амбасадорите коишто беа присутни на средбата заедничка. Ако се сеќавате на 4 декември лани беше лидерската средба организирана во Собранието и таму заклучок беше пратеничките групи да се договорат за Изборниот законик. Од Владата тогаш беше доставен драфт текст до мене додека бев во Собранието. Дистрибуиран е до сите пратенички групи и веќе се чека на пратеничките групи. Мојот став е до наредна седница, следната недела на Владата да чекам, значи пред распишување на избори, доколку нема предлог конкретен по однос на она што е драфтот, по претпоставка дека е усогласен затоа и го пратиле како драфт за да се дистрибуира до пратениците да го пуштат во постапка, тогаш Владата уште еднаш ќе го разгледа како материјал тој драфт, ќе го прати во Собранието во соодветна постапка и тогаш настапуваат обврските на Собранието да го донесе Изборниот законик“,
вели премиерот во преодната влада.
Со оглед дека од распишување до одржување избори има минимум 70 дена, според Џафери, има доволно време и да се донесе законот и соодветно да се постапува по одредбите од законот.
„Формално-правно и со временската дистанца се има доволно време да може да се донесе законот. Така што, нема да оставиме само на фактот дека тоа е оставено на пратениците и сите да се повикуваме дека само пратениците се тие што треба да постапат. Ако не се постапи таму, ќе постапиме ние од тука и ќе ја иницираме таа работа. Значи, тоа е она што можеме да го направиме ние како влада,
вели тој.
На последната лидерска средба одржаната на 4 декември минатата година, освен за датумите за избори, лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски рекоа имало широк консензус за прифаќање на забелешките за Изборниот законик од ОБСЕ/ОДИХР.
„Што се однесува до измените на Изборниот законик, препораките на ОБСЕ/ОДИХР се препораки во делот на законската рамка, постапката во делот на приговор и жалбена постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите, регистрацијата на гласачи, изборната кампања, финансирањето на кампања, медиумското претставување во изборниот процес. Измените кои ги разговаравме се веќе усогласени и имплементирани во предлог-законот. Овие чекори кои се преземаат со имплементирање на препораките, а се со вклученост на сите политички чинители, е одличен пример за добра координација и заедничка работа во насока на подобрување на изборниот процес и генерално на изборите во иднина“,
рече Ковачевски.
Тој најави дека овие измени, односно предлог-законот, ќе се достави до координаторите на пратеничките групи со цел да влезе во собраниска процедура и да се изгласа навремено.
И за Мицкоски нема дилеми за препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
„Тоа значи дека Изборниот законик во периодот што следува ќе се менува, иако мора да напоменам дека не е испочитувано правилото шест месеци пред почеток на кампања за изборен процес бидејќи, имајќи предвид дека согласноста за третото прашање, а тоа е првиот круг од претседателските избори да се случи на 24 април 2024 година, а вториот круг претседателски избори да биде заедно со парламентарните на 8 мај, тоа подразбира дека кампањата би почнала на 4 април и ако тоа се сведе на денешната дата, тоа значи дека сепак не го испочитувавме правилото за кое честопати потсетував – тоа е да немаме интервенции во Изборниот законик шест месеци пред почеток на кампања“,
рече Мицкоски.