Лепенките со новата ознака НМК, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), ќе чинат најмногу 50 денари, a граѓаните ќе може да ги набават во станиците за технички преглед на возилата
На сопствениците на возила чии регистарски таблички се со ознаката МК им преостануваат уште 10 дена, заклучно со 12 февруари, за старата ознака на регистарските таблички да ја заменат со новата – НМК.
Лепенките со ознаката НМК, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), ќе чинат најмногу 50 денари, a граѓаните ќе може да ги набават во станиците за технички преглед на возилата.
„Согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците“,
информираат од МВР.
Обврската за користење на кодот НМК наместо МК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција.