Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 1 февруари 2024 г. на МРТ 1
Во оваа епизода донесуваме:
– По неколкумесечни преписки, барања и жалби, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) да ни го даде договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“;
– Го објавуваме договорот за јавно-приватно партнерство меѓу Општина Тетово и словенечко-австриската фирма „Саубермахер“ за собирање на отпадот во градот под Шара – кој какви обврски преземал и колку тоа ќе ги чини граѓаните;
– Како функционира во пракса најавената достава на личните документи на домашна адреса во Скопје – што ако полицијата не ве најде дома;
– На Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје група студенти го конструира првиот македонски болид со кој ќе учествуваат на глобален натпревар;
– Нова „Саботажа“.