Вонредната состојба предизвикана од коронавирусот ги фрли во сенка останатите отворени прашања, кои не се помалку важни за држава која сака да се нарекува демократска и правна. „360 степени“ прави ретроспектива на четири емитувани стории кои укажуваа на можна корупција. Станува збор за контроверзиите околу уредувањето на речните корита, за нелегалното сечење дрвја и условите во кои работи шумската полиција, за најмувањето приватни машини за РЕК „Битола“, како и за судбината на предметите на Специјалното јавно обвинителство. Од различни аспекти на темите, нова светлина фрлија и колегите од БИРН. Ве потсетуваме и проверуваме што се случува со овие „жешки точки“ неколку месеци подоцна.
Сторија