Дека на Арбен Таравари, чија партија е дел од парламентарното мнозинство заедно со СДСМ и ДУИ, му било предложено да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците, објави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во синоќешното интервју за Радио-телевизија Косово (РТК)
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, поврди дека опозициските партии на Албанците разговарале тој да биде нивен претседателски кандидат на претстојните избори, но вели оти тој не е заинтересиран.

„Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“,
рекол Таравари во куса изјава за МИА.
Дека на Арбен Таравари, чија партија е дел од парламентарното мнозинство заедно со СДСМ и ДУИ, му било предложено да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците, објави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во синоќешното интервју за Радио-телевизија Косово (РТК).
„Да, разговарано е Таравари да биде кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори“,
изјави Касами во интервјуто за косовската телевизија.
Лидерите на трите опозициски партии на Албанците во земјава, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ и првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пред неколку дена беа во Приштина на средба со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на парламентот на Косово, Глаук Коњуфца.
Според соопштението објавено на веб-страницата на кабинетот на косовскиот премиер, на средбата, меѓу другото, се разговарало и за кандидатот за иден претседател на земјава. Четворицата партиски лидери од земјава предложиле следниот шеф на државата да биде од редовите на Албанците, кој „ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија“.
Засега е сè уште неизвесно дали Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно на претстојните избори, дали ќе коалицира со опозициските партии на Албанците или, пак, ќе има заеднички изборен настап со своите актуелни коалициски партнери во Владата – СДСМ и ДУИ.
И лидерот на АА, Арбен Таравари, и претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села, неодамна во засебни изјави кажаа дека Алијанса за Албанците треба да настапи самостојно на изборите, но дека конечната одлука по однос на ова прашање треба да ја донесе Централното собрание на партијата.