Сепак, судот не му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка. Израел испрати силен правен тим во Хаг кој тврдеше дека има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври
Одборот од 17 судии на Меѓународниот суд на правдата (МСП) издаде итни мерки со кои му наредува на Израел да ги преземе се што е во негова моќ за да спречи дејствија што би можеле да бидат во спротивност со Конвенцијата за геноцид.

Сепак, судот не му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка. Голем број земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Катар, Јордан, Иран, Саудиска Арабија и Египет рекоа дека ја одобруваат пресудата.
Израелските власти го обвинија меѓународниот суд за правда за антисемитска пристрасност.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, како одговор на пресудата рече дека неговата земја е посветена на почитување на меѓународното право, како и одбрана на својот народ.
„Гнасниот обид да му се ускрати на Израел ова основно право (на самоодбрана) е бесрамна дискриминација на еврејската држава и тој беше праведно отфрлен“,
рече тој.
Израел испрати силен правен тим во Хаг кој тврдеше дека има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври.
Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана рекол дека Меѓународниот суд на правдата отишол предалеку кога го отбил антисемитското барање на Јужна Африка да разговара за тврдењето за геноцид во Газа и сега одбивал целосно да ја отвфрли таа петиција.
Итамар Бен-Гвир, екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, напиша на Твитер дека судот бара прогон на еврејскиот народ.
„Овој суд не бара правда, туку повеќе прогон на еврејскиот народ. Не смеат да се слушаат одлуките кои го загрозуваат натамошното постоење на државата Израел. И ние мора да продолжиме до целосна победа на непријателот“,
рекол тој.
Во поднесокот од 84 страници до МСП, Јужна Африка тврди дека Израел врши геноцид со убивање на Палестинците во Газа, предизвикувајќи сериозни ментални и телесни повреди, присилна евакуација, широко распространет глад, но и, како што се вели, да се доведе до нивно физичко уништување.