Средбата се одржува нешто повеќе од два месеца по четиричасовната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска и утре ќе има средба со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Бангкок, во согласност со договорот меѓу лидерите на САД и Кина да се продлабочи дијалогот меѓу двете најголеми економии во светот.
Средбата се одржува нешто повеќе од два месеци по четиричасовната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско.
Бајден и Си потоа се договорија дека ќе ја отворат претседателската „црвена линија“, ќе ја обноват комуникацијата меѓу двете армии и ќе се обидат да го потиснат производството на фентанил, но прашањето за Тајван сепак остана отворено.
„Овој состанок се надоврзува на договорот на претседателите Бајден и Си во ноември на состанокот во Вудсајд за одржување стратегиска комуникација и одговорно управување со односите“,
рече портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон.
Состанокот во Бангкок беше потврден преку соопштение за медиумите од кинеското Министерство за надворешни работи.
„Како што е договорено меѓу Кина и САД, Ванг Ји ќе одржи нова рунда состаноци со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Бангкок“,
се вели во соопштението.
Саливан, додаде Вотсон, ќе се сретне и со тајландскиот премиер Срета Тависин и заменик-премиерот Парнпре Бахида-Нукар во Бангкок.
„На овие состаноци Саливан ќе ја потврди важноста на Договорот за американско-тајландска алијанса и партнерство и ќе разговара за можностите за зајакнување на соработката за низа билатерални и глобални прашања“,
рече Вотсон.