„Ако некој ми каже во очи дека овие закони се поврзуваат лично со моето име, веднаш ќе дадам оставка. Досега ми е кажано дека овие закони не се во постапка заради причини во кои јас лично не верувам. Но, ако тоа се докаже, ќе поднесам оставка пред мојата политичка партија, а потоа и до Владата. Сепак, ние сме министри и имаме надлежности и обврски и кон нашата политичка партија“, рече министерот за информатичко општество и администрација
Ги поканувам сите пратеници кои имаат дилеми околу законите предложени од МИОА уште утре во 10 часот да разговараме и да ги разјасниме сите нејаснотии. Ова се клучни закони со кои ќе се направат суштински промени на нашиот државен систем. Донесувањето на законите ќе овозможи остварување на нашата визија на градење деполитизирана јавна администрација насочена кон давање поефикасни услуги на граѓаните.
Ова денеска на прес-конференција го изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу по информациите во јавноста дека планира да си поднесе оставка од функцијата, а причина за тоа е што во Собранието на агенда не се ставени законите кои се предложени од министерството со кое раководи.

„Нашите граѓани заслучуваат ефикасна администрација, а ние треба да им ја овозможиме. Денеска се шпекулираше во јавноста дека ќе се откажам од овој предизвик. Тоа веројатно доаѓа од луѓе кои не ме познаваат добро или од луѓе кои тоа го посакуваат. Јас сум се нафатил со овој ангажман со годост да им служам на моите сограѓани и спремен сум додека сум министер во ова министерство да придонесам да оставиме подобра држава за нашите граќани и деца“,
рече Алиу.
Рече дека тој станал министер предложен од партијата Алијанса за Албанците.
„Ако некој ми каже во очи дека овие закони се поврзуваат лично со моето име, веднаш ќе дадам оставка. Досега ми е кажано дека овие закони не се во постапка заради причини во кои јас лично не верувам. Но, ако тоа се докаже, ќе поднесам оставка пред мојата политичка партија, а потоа и до Владата. Сепак, ние сме министри и имаме надлежности и обврски и кон нашата политичка партија“,
рече тој.
Според него, станува пракса законите да поминат на Влада, а потоа да заглават во Собрание.
„Овие закони се поврзани со ЕУ-знаменце, се со скратена постапка и не гледам причина тие сѐ уште да не се во процес. Ќе стојам до крај на оваа функција сѐ додека законите не се донесат“,
изјави Алиу.
Потврдно одговори на прашњето дали се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски.
„Со премиерот секој ден се слушаме, и денеска се слушнавме. Да, точно е дека премиерот рече дека законите ќе бидат ставени на пленарна седница во вторник на 30 јануари“,
рече Алиу.
Потенцира дека не е блокиран само еден закон, туку повеќе закони, а тој не ги знае причините зошто законите не се ставени во процедура.
„Не може да има систем ако тој систем зависи од волјата и условувањата на индивидуи. Или работите ќе течат јасно, по однапред поставена процедура и чекори, или ситемот ќе се гуши во кал. Или македонскиот систем ќе се реформира како што треба или ќе пропадне во крпениците кои ги правиме. Пакетот закони кои МИОА ги предлага треба да се донесат час поскоро, бидејќи тоа е од клучен интерес за граѓаните. Ваков став и демонстрирана одговорност треба да имаат сите пратеници и политички партии во државата. Реформата на државната администрација во нашата држава е неоходен и континуиран процес, тесно поврзан процес со европската интеграција на државата. Изминатиот период работевме на изработка на цел пакет на закони со цел да ја унапредиме законската регулатива во администрацијата, зашто ние веруваме дека првиот чекор за реформа на јавната администрација е преку донесување на соодветни законски регулативи усогласени со принципите и стандардите на Европската Унија“,
рече тој.
Затоа, рече Алиу, Владата кон крајот на минатата година ги усвои новите закони, и тоа Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, со кои се овозможува унапредување на постојните законски решенија кои се донесени и придонесуваат кон подобрување на јавниот сектор, посебно во делот на јавната администрација, како законот за стручно усовршување и обука на административните аслужбеници, каде што првпат системски и институционално се уредува прашањето за одржување континуирана надградба и развој на стручните капацитети на административните службежници во државата.
„Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација на државата кој предвидува формирање агенција за безбедност на мрежи и дигитална трансформација е еден од клучните закони за трансформација на нашата земја. Со законот за електронско управување и електронски услуги се овозможува да се искористи целата инфраструктура на АД ‘Македонски пошти’, каде ќе се овозможи на сите шалтери ќе се дадат услуги од една точка. Дополнување и изменување на Законот за аудио и аудиуовизуелни медиумски услуги кој го уредува медиумскиот простор во медиумите се закони кои досега не беа на разгледување од комисиите во Собранието. Предлог-законите се во целост со трите столба на програмата на Европската Унија ‘Дигитална Европа’ за која кон крајот на јуни во 2023 година потпишавме партнерство и имаме должност да ги спроведеме“,
рече министерот.
Се радува што конечно целосно сме компатибилни со клучните столбови на Европската Унија.
Но, жалам што можело порано и сѐ уште се чека усвојување од Собранието на законите и нивната имплементација. Сакам да зборувам со јазикот на фактите. Одложувањето на донесувањето на овие закони од страна на Собранието ја попречува неопходната реформа на јавната администрација која беше и останува главен услов на Европската Унија. Донесувањето на законите ќе овозможи кон остварување на нашата визија на градење на деполитизирана јавна администрација насочена кон давање поефикасни услуги на граѓаните. Ги поканувам сите пратеници кои имаат дилеми околу овие закони уште утре во 10 часот да разговараме и да ги разјасниме сите дилеми. Ова се клучни закони со кои ќе се направат суштински промени на нашиот државен систем. Промени кои ќе го олеснат животот на нашите граѓани. Промени кои мора да ги направиме. Нема време за губење, реформи сега и веднаш. Мојата визија во државата е јасна. Реформа во администрација и дигитализација во државата. За таа визија вреди заеднички да се бориме секој работен ден со сите сили“,
рече министерот за информатичко општество.