„Доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за министрите што сама ги предлага, зошто ние би ги гласале нив? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?”, прашуваат од ЛДП во денешното соопштение

Според Либерално-демократската партија (ЛДП), сите политичари имаат обврска да учествуваат во изборот на техничката влада која има за цел да го гарантира успехот на изборите.
„Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од гласање за техничката влада и да говори дека таа нема да има легитимитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за министрите што сама ги предлага, зошто ние би ги гласале? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?”,
прашуваат од ЛДП во денешното соопштение.
Според нив, нелогично е другите политички партии, како и ЛДП, да им дадат поддршка на нивните министри кога тие самите велат дека нема да си ги поддржат предлозите што ги даваат.
„Потсетуваме дека со игрите што ги води ВМРО-ДПМНЕ самата свесно го доведува во прашање целиот процес на избори”,
реагираат од ЛДП.
Како што додаваат од партијата, несериозни се изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не е потег на партија која ѝ мисли добро на државата.
