Согласно скратувањето на полицискиот час, Владата усвои заклучоци за измени кои се однесуваат на домашните миленици и дозволата да се изнесуваат надвор.
Граѓаните кои живеат во згради од понеделник до петок може да ги изнесуваат до 19 часот односно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење.
Во сабота домашните миленичиња ќе може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути во вечерните часови, односно од 20 часот до 20:30 часот.
Во недела ќе може да се изнесуваат по 30 минути во три термини во денот – наутро од 8 до 8:30 часот, попладне од 15 до 15:30 часот и навечер од 20 до 20:30 часот