Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположливи единици на Одделението за вонредни состојби учествувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне синоќа околу половина час по полноќ
Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА). Во инцидентот нема повредени. Од Итната помош рекле дека сè започнало со дојава за тепачка на сплавот
Сплавот „Картел“ на кејот на реката Сава во Белград синоќа почнал да тоне додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношколци, јавуваат српските медиуми. Многумина во паника скокнале во студените води на реката.

Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).
Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположливи единици на Одделението за вонредни состојби учествувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ.
Многумина од присутните во паника скокале во водата обидувајќи се да допливаат до брегот на реката, што може да се види и од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека дојавата оти сплавот тоне и дека луѓе се во вода ја добиле во 00:37 часот.
„Со пристигнување на местото на настанот во 00:44 часот, констатирано е дека сплавот тоне и дека е потребно да се евакуираат луѓето од сплавот и од водата. Потона мостот меѓу сплавот и брегот“,
соопштиле од Министерството.
Сите 30 лица кои се нашле на „Картел“ биле евакуирани на соседниот сплав, а во акцијата за спасување учествувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица.
Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).
Во инцидентот нема повредени.
„Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“,
велат од белградската Итна помош, пренесува Н1.
Од Итната помош рекле дека сè започнало со дојава за тепачка на сплавот.
Според дежурниот лекар, голем број од младите луѓе биле во алкохолизирана состојба.
Неодамна во градот Смедерево до половина потона сплавот „Боем“ на реката Дунав додека во него имало гости кои успеале навреме да излезат.
На новогодишната ноќ минатата година во Белград потона сплавот „Фристајлер“ поради што беа уапсени одговорните за неговото менаџирање бидејќи дозволиле присуство на поголем број луѓе од капицитетите на објектот.