Акцијата „Повеќе зелено“ денеска е реализирана во околината на Ресен, Куманово, Велес, Делчево и Богданци и таа, велат од СДММ, е придонес кон големата акција за пошумување што веќе ја спроведуваат надлежните министерства и институции

Под мотото „Повеќе зелено“, партиски функционери, членови, активисти, млади и пратеници од СДСМ, денеска на пет локации засадија над десет илјади садници. Акцијата, која ја спроведуваа Социјалдемократската младина (СДММ) и СДСМ, има за цел да придонесе за зголемување на зеленилото и создавање здрава животна средина, како и поттикнување развој на еколошката свест, информираат од партијата.
Акцијата „Повеќе зелено“ денеска е реализирана во околината на Ресен, Куманово, Велес, Делчево и Богданци и таа, велат од СДММ, е придонес кон големата акција за пошумување што веќе ја спроведуваат надлежните министерства и институции.
Над 3 000 садници денеска се засадени на потегот кај населеното место Старо Нагоричане, Кумановско, а покрај младите од СДММ, дел од акцијата беа и Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкријељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски.
Кај населеното место Штрбово, Ресенско, во садење на 2 000 садници учествуваа Миле Зечевиќ Вардарски, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева, Методија Илиевски.
Во Богданци, на потегот кај браната Паљурци садеа Перо Костадинов, Стојан Николов, Анго Ангов, Лазар Петров, Блашко Шапов, Марија Костадинова.
Марко Михаилоски заедно со министрите Благој Бочварски и Љупчо Николовски засадија 2 000 садници на потегот кај населеното место Нов Истевник, Делчевско.
Во Велешко, на потегот Бела Вода, партиски функционери, меѓу кои и Каја Шукова, Андреј Петров, Горан Трајковски, Горан Стојановски, Ненад Коциќ, Даниела Пановска, Васко Кичевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2 000 садници.
Локациите на кои денеска се садеше, како што информираат од СДММ, се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд, а опфатени се и локации кои во изминатите години биле зафатени од пожари.
