Ова е прва група од повеќе навивачи, ослободена од затворските казни по кауција уплатена од страна на Амбасадата на Хрватска во Грција
Околу дваесетина навивачи на спортскиот клуб Динамо Загреб, т.н „Бед Блу Бојс“ денеска се пуштени од затвор во Грција, каде што четири месеци издржуваа казна поради учество во немири при кои загина еден грчки навивач.
Ова е прва група од повеќе навивачи, ослободена од затворските казни по кауцијата која за нив е платена од страна на Амбасадата на Хрватска во Грција.
„ХРТ“ пренесува дека дел од трошоците биле покриени со пари кои ги уплаќале и некои хрватски фудбалери.
На фановите на Динамо кои беа во затвор од август годинава, поради физичките пресметки со навивачите на грчкиот клуб АЕК од Атина, вчера им е укинат истражниот затвор, но еден од условите за нивно ослободување била кауцијата.