Во личниот багаж на лицето кое патувало од Истанбул биле најдени непријавени 60 600 евра, од кои, согласно Законот за девизно работење, 10 000 евра му биле вратени, а останатите одземени со судска пресуда
Царинските службеници на скопскиот аеродром заплениле 50 600 евра од патник кој се обидел да ги внесе без да ги пријави, соопштија денеска од Царинската управа.

Лицето, како што информираат од Царина, патувало од Истанбул и на влез во државата се пријавило да помине на „зелен канал“, каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување.
Но, по прегледот на неговиот личен багаж цариниците ги откриле парите.
„Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60 600 евра“,
се наведува во информацијата објавена на официјалната фејсбук-страница на Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 000 евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето, додаваат од Царината.
