Децата сакале преку земјен пат да се вратат во градот, но се изгубиле. Со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до Скопје, информираат од ЦУК

Пријава за изгубени, залутани деца, вчера стигнала до Центарот за управување со кризи (ЦУК) по што веднаш било интервенирано и децата биле најдени и вратени дома.
Од ЦУК информираат дека пријавата била стигната на единствениот број за итни случаи 112. Во неа било наведено дека во пределот на Средно Водно има изгубени, залутани деца коишто сакале преку земјен пат да се вратат во градот, но се изгубиле.
„Веднаш од страна на ЦУК е известена полицијата, конкретно СВР-Скопје за понатамошна постапка. По релативно кусо време по интервенцијата, од страна на СВР Скопје е информирано дека со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до Скопје“,
се наведува во соопштението од ЦУК.
