Аеродромот очекува и натаму да има откажувања на летови поради невремето, се вели во изјавата на аеродромските власти

Обилни врнежи од снег и ниски температури на аеродромот во Минхен предизвикаа големи доцнења и откажаа повеќе од 100 полетувања и слетувања.
„Околу 160 авиони не можеа да слетаат или полетаат. Најмалку една писта на аеродромот мора да остане чиста во секое време, а екипите наизменично ја чистат секоја писта од снег“,
изјави портпаролот на аеродромот, пренесуваат германските медиуми.
На патниците им било кажано да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат дали има доцнења или откажувања на летови.
„Аеродромот очекува и натаму да има откажувања на летови поради невремето“,
изјави портпаролот.
По Франкфурт, во Минхен е вториот најфреквентен аеродром во Германија.
Според прогнозата на германската метеоролошка служба, во сабота во Минхен непрекинато ќе паѓа снег. До сабота навечер се очекува да паднат до 40 сантиметри нов снег на Алпите, во подножјето и во јужниот дел на Долна Баварија.