Двете повредени лица, како што соопштиле од полицијата во Винипег, се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба
Три лица загинале, а две се повредени во пукање кое вчера се случило во градот Винипег, во канадската провинција Манитоба, соопштиле официјални претставници на локалната полиција, пренесува Си-ен-ен.

Според полицијата во Винипег, пукањето се случило вчера утро, околу 4 часот по локално време, на локација оддалечена околу еден и пол километар од центарот на градот.
Полициските екипи кои пристигнале на местото пронашле пет лица со прострелни рани, било наведено во соопштениот.
„Овој инцидент се случи во резиденција со повеќе апартмани. Нема дополнителни информации во врска со можниот мотив“,
навел Џејсон Михалишен, портпаролот на полицијата во Винипег.
On November 26 at approx. 4:05 a.m., General Patrol members responded to the 100 block of Langside Street for the report of multiple injured people. Three are deceased and two are in critical condition. Homicide is investigating.https://t.co/t2aGyKl7wr
— Winnipeg Police (@wpgpolice) November 26, 2023
Кај еден маж и жена, како што пренесува Си-ен-ен, била констатирана смрт на самото место, додека три од жртвите биле пренесени во болница, каде една од нив подоцна им подлегнала на повредите.
Другите двајца, маж и жена, се хоспитализирани и според портпаролот на полицијата во Винипег, се наоѓаат во критична состојба.
Идентитетот на жртвите не е соопштен, а од полицијата информирале дека истрагата за пукањето е во тек.
„Единицата за форензички работи на полициската служба на Винипег ќе биде на терен подолг период поради тежината на овој инцидент“,
рекле официјалните полициски претставници.
Инаку, како што пишува Си-ен-ен, годишниот статистички извештај на полицијата во Винипег за 2022 година, објавен во мај, покажува дека стапката на насилен криминал во главниот град на канадската провинција Манитоба минатата година достигнал највисоко ниво од 2009 година, вклучувајќи рекорден број убиства – вкупно 53.