На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово
Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.
Во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот во близина на угостителски објект се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.
„Во несреќата возачот на ‘опелот’ и сопатниците од ‘голфот’ се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“,
информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.