Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 16 ноември 2023 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Легализирањето станбени згради во Чаир, кои не ги исполниле условите за тоа, не било инцидентна туку масовна појава; Општината архивирала барања за легализација уште пред дивоградбите да почнат да се градат;
– Еден месец откако ДКСК утврди дека директорот на Државниот инспекторат за градежништво, кадар на ДУИ, не пријавил два стана и автомобил, нема реакција од обвинителството ниту од Владата; Фатмир Арифи, пак, одговорноста ја сведува на грешка на раководителот за човечки ресурси во Инспекторатот;
– Меѓата на соседот причина за драма во Бутел; Асистираше и полицијата, но проблемот остана нерешен;
– Како работат општинските совети без јасни мнозинства, како битолскиот и неготинскиот;
– Нова „Саботажа“.