Јавното обвинителство во реакцијата посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови
Политичарите да се воздржат од употреба на чувствителниот предмет „Онкологија“ во политички цели, се вели во денешната реакција од Јавното обвинителство, а која е иницирана од изјавата на министерот за здравство Фатмир Меџити.
„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката“,
се вели во реакцијата.
Обвинителството, по изјавата на министерот дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија, во реакцијата посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.