Мотото на партијата е „Македонија се буди! Време е за промени!“.
За членови на Извршниот одбор се назначени генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, за членови на Надзорниот одбор Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје
Новиот политички субјект „Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија“ денеска одржа основачко собрание, на кое за претседател е избран Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово.
На собранието, како што соопшти партијата, одржано во Куманово, присуствувале поддржувачи од целата држава.

„За претседател е избран Максим Димитриевски, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина Тодороска и Емил Јанески“,
се вели во соопштението.
Димитриевски е избран на предлог на Жанета Делова, претседателка на Здружението „Тиквешка заедница за напредок и просперитет”.
За членови на Извршниот одбор се назначени генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, за членови на Надзорниот одбор Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.
Мотото на партијата е „Македонија се буди! Време е за промени!“.
Инаку, Димитриевски пред еден месец го промовираше новиот политички субјект, кој истовремено е и негов идеен творец, а заедно со претставници на десет граѓански задруженија од исто толку градови во земјата ја потпишале иницијативата за негово формирање.
Рече дека цел ќе биде да ги обедини граѓаните и да ја врати земјата на вистинскиот пат, „на темелите на нашата државност“.
„Нашата основа цел е да се вратиме на темелите на нашата државност, тоа што во континуитет го газат. Илинденците и АСНОМ-ците ќе ни стојат како сенка, а ние ќе газиме напред заедно со граѓаните на Македонија и притоа нема да делиме никој, ниту по вера, ниту по етнос, ниту пак по припадност, туку ќе бидеме обединети сите за Македонија. Но, притоа на тој пат ќе мора и да учиме особено ние Македонците, да учиме од нашите сограѓани Албанци да постигнеме национален консензус на македонскиот народ во оваа држава. Инаку, ако не го направиме тоа ќе не нема драги мои пријатели. Бидејќи како што велат, ножот е дојден до коска“,
рече Димитриевски.
Целта, посочи тој, не е да бидат во опозиција, туку да ја освојат власт, а првиот чекор што ќе го направат од таа позиција ќе биде поништување на Кривичниот законик кој беше донесен со „европско знаменце“.