Припаѓаше на групата општествени личности во Бугарија кој сметаше дека двете држави треба да градат политики на иднина меѓу Македонците и Бугарите
Рано утринава во Софија починал професорот по културна антропологија, Ивајло Дичев. Дичев беше дел од групата интелектуалци од Бугарија, пријатели на Р.С. Македонија, кој во своите јавни настапи ги критикуваше политиките на официјална Софија кон Македонија.
Припаѓаше на групата општествени личности во Бугарија кој сметаше дека двете држави треба да градат политики на иднина меѓу Македонците и Бугарите.
Честопати во Бугарија од национал-популистите беше критикуван за неговите ставови кон македонското прашање.
До својата смрт беше професор на софиакиот универзитет Св. Климент Охридски.
Дичев во Бугарија ќе остане запаметен како предводник на европските граѓански вредности, пишуваат медиумите во Софија.