Антисемитските инциденти, додаваат од Комисијата, се против сè што претставува Европа, односно против европските основни вредности и против европскиот модел на општество
Европската комисија (ЕК) го осуди „оживувањето“ на антисемитските инциденти на територија на ЕУ по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, оценувајќи дека Евреите од Европа повторно живеат во страв.
„Порастот на антисемитските инциденти низ Европа во последните денови потсетува на некои од најмрачните периоди во историјата“,
се вели во соопштението на Европската комисија.

Овие случаи, додаваат од Комисијата, се против сè што претставува Европа, односно против европските основни вредности и против европскиот модел на општество.
Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, властите и некои невладини организации во одредени земји пријавија зголемување на антисемитизмот. Повеќето антисемитски инциденти се состојат од вербални напади, онлајн навреди или закани, оштетување на еврејски имот или објекти од религиозно значење, пишува Ројтерс, додавајќи дека физичките напади заземаат значителен дел од инцидентите.