Посетата на претседателката на Европската комисија на Киев, како што пишува „Политико“, доаѓа на неколку дена пред ЕК да го објави својот извештај за тоа колку добро Украина и другите земји аспиранти ги исполнуваат економските, правните и другите услови за пристапување кон Европската Унија
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утринава пристигна во ненајавена посета на Украина. На социјалната мрежа Икс таа објави фотографија со украинскиот претседател Володимир Зеленски велејќи дека дошла во Киев за да разговара за пристапот на Украина во Европската Унија.
„Овде сум да разговарам за пристапот на Украина во Европската Унија. Финансиската поддршка на ЕУ за обнова на Украина како модерна, просперитетна демократија. И да продолжиме да ја тераме Русија да плати за својата воена агресија“,
напиша Фон дер Лајен под фотографијата со Зеленски.

Пред посетата на Украина, шефицата на ЕК беше во неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Посетата на Фон дер Лајен на Киев, како што пишува „Политико“, доаѓа на неколку дена пред Европската комисија да го објави својот извештај за тоа колку добро Украина и другите земји аспиранти ги исполнуваат економските, правните и другите услови за пристапување кон Европската Унија.
Извештајот за напредокот е клучен чекор во одлуката на блокот дали да започне пристапни преговори со Киев
Good to be back in Kyiv for my 6th war time visit.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) November 4, 2023
I’m here to discuss Ukraine’s accession path to the EU.
The EU’s financial support to rebuild Ukraine as a modern, prosperous democracy.
And how we will continue to make Russia pay for its war of aggression. pic.twitter.com/dLJ6bUz4UU