Според него, владата на Албин Курти се обидува со разни трикови да влијае на претставниците на меѓународната заедница, но и дека, како што посочи, многумина од нив се преправаат дека не го гледаат тоа
Подготвени сме да исполниме сè што е поврзано со постигнатите договори за Косово, освен де факто и де јуре признавање, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва.

Повтори дека се подготвени да ги исполнат своите обврски, но дека не можат да ја прифатат независноста на Косово и додаде дека владата на Албин Курти се обидува со разни трикови да влијае на претставниците на меѓународната заедница, но и дека, како што посочи, многумина од нив се преправаат дека не го гледаат тоа.
„Луѓето немаат причина за грижа, ние сме подготвени да исполниме работи кои не се однесуваат на признавањето на таканареченото Косово и членството во ОН, но некој мора да формира Заедница на српски општини (ЗСО), а Приштина не го сака тоа и измислува трик по трик, на штета на нашиот народ во Косово“,
истакна Вичиќ.
Според него, целата приказна е еден вид маѓепсан круг.
Запрашан за барањата на косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, Србија да ги потпише договорите, Вучиќ посочи:
„Не побарав никакво придружно писмо, како што рече Курти, реков дека сме подготвени да ги исполниме нашите обврски, а потоа ставив запирка и додадов дека не можеме да прифатиме ништо поврзано со признавањето на Косово или членството во ОН. Тоа го кажав и во Охрид и во Кишињев, го кажував секој пат“,
рече Вучиќ.
Додаде дека се консултирал со адвокати и професори и да затоа секој пат инсистира на тие две прашања.
„Нема временска рамка за решавање на косовското прашање, а и покрај многубројните напори да се изолира Србија, тоа не се случи, имаме многу пријатели и секогаш ќе има наши соседи кои секогаш ќе бидат против нас“,
потенцираше Вучиќ.
Според него, Курти не сака да зборува за ЗСО.
„Видовте дека во многу земји има политички актери кои не сакаат да го видат ЗСО, како Алиша Кернс. Од друга страна, властите во Германија бараат нејзино спроведување, но јас зборувам за некои други кругови“,
посочи српскиот претседател.
Вучиќ потоа прочита што е побарано во Брисел.
„Тие побараа да се осуди насилниот чин на паравоените групи поддржани од српските власти. Нашите соседи сакаа да го вметнат тоа, но не помина. Сите знаат кои се тие соседи. Албанците не се, не се членови на Европскиот совет“,
рече тој.