Ќерката на Јошевед Лифшиц, Шероне, ѝ помагаше на својата мајка да ја раскаже приказната за маките низ кои поминала преведувајќи на англиски
Израелската заложничка Јошевед Лифшиц (85), која Хамас синоќа ја ослободи, одржа прес-конференција во болница во Тел Авив на која раскажа низ што поминала.
Лифшиц (85) изјави дека поминала низ пеколот опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.
Таа рече дека преку голема капија ја донеле во Газа, а од возењето добила модринки. Посочи и дека тешко дишела.
Лифшиц додаде дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда – но не направила ништо за да го спречи Хамас да ја премине.
Ќерката на Јошевед Лифшиц, Шероне, ѝ помагаше на својата мајка да ја раскаже приказната за маките низ кои поминала преведувајќи на англиски.
Таа објасни дека нејзината мајка била возена на мотор и тепана со стапови.
Луѓето кои ја пречекале во Газа рекле: „Веруваме во Куранот, нема да те повредиме“
Таа рече дека киднаперите ѝ ги одзеле часовникот и накитот додека се возела. Кога се симнала од моторот, луѓето кои ја сретнале и рекле дека веруваат во Куранот и дека нема да ја повредат.
Таа и уште 24 луѓе биле однесени во тунели за кои рече дека имале „мека и влажна основа“. Лифшиц рече дека имало огромна мрежа од подземни тунели управувани од Хамас кои ги спореди со пајажина.
По два-три часа, киднаперите одвоиле пет лица од кибуцот Нир Оз во посебна просторија, а таму имало чувари, болничар и лекар.
Спиеле на душеци во тунелите под Газа, болничар ги посетил и им дал лекови
Јошевед Лифшиц ги опиша условите во кои биле држени таа и нејзините колеги затвореници. Таа рече дека било чисто, дека спиеле на душеци на подот во тунелите под Газа, а лекар им доаѓал на секои два-три дена.
На затвореник кој бил тешко повреден во сообраќајна несреќа со мотоцикл на пат кон Газа му биле санирани повредите.
Лифшиц додаде дека болничарот дошол да ги види за да ги донесе потребните лекови.
„Имаше чувар за секој човек, се грижеа за секој детаљ“
Јошевед Лифшиц рече дека имало чувар за секој од петтемина луѓе кои биле држени како заложници во нејзината група.
Нејзините киднапери се грижеле за секој детаљ, вклучувајќи ги и жените кои знаеле за женската хигиена.
Лифшиц вели дека додека ја држеле во тунелите, нејзината група за јадење добила бело сирење и краставица. Тоа била истата храна што ја јаделе и нејзините киднапери од Хамас.
Зборувајќи за другите заложници земени од Хамас, Шароне рече дека нејзината мајка чувствува дека приказната не е завршена додека сите не се вратат.