„Пред четири години луѓето беа поидеалисти и попрогресивни, што објаснуваше зошто Зелените направија толку добро, но сега луѓето се позагрижени за безбедноста и повторно се поконзервативни“, изјави Мајкл Херман, политички аналитичар во агенцијата за социолошко истражување „Сотомо“ откако беа објавени првични неофицијални резултати од денешните парламентарни избори во Швајцарија

Швајцарија скршнува надесно по денешните парламентарни избори, бидејќи загриженоста за имиграцијата ги надминува стравувањата за климатските промени или топењето на глечерите, објави „хрт.хр“.
Десничарската Швајцарска народна партија, најголемата швајцарска политичка партија, ќе го зголеми својот удел во гласовите на 29 отсто, што е за 3,4 процентни поени повеќе од последните избори во 2019 година, според раните проекции на швајцарската национална телевизија.
Партијата водеше кампања преку платформа за спречување населението во земјата кое сега брои 8,7 милиони жители да надмине 10 милиони.

Таа, исто така, собра гласови од луѓето загрижени за забавувањето на економијата и зголемените трошоци на живот, соопшти агенцијата за анкети „ГФС Берн“.
Зголемените трошоци за здравствена заштита им одеа во прилог на левичарските социјалдемократи. Втората по големина швајцарска партија успеа да го зголеми резултатот за 0,4 процентни поени, на 17,2 отсто.
Поддршката за Зелените најверојатно ќе се намали за 4,1 процентен поен, на 9,1 отсто.
Изборниот резултат не се очекува да доведе до промени во швајцарската федерална влада, која се состои од седум функционери кои го сочинуваат Федералниот совет. Нивните места се поделени меѓу четирите водечки партии.
„Пред четири години луѓето беа поидеалисти и попрогресивни, што објаснуваше зошто Зелените направија толку добро, но сега луѓето се позагрижени за безбедноста и повторно се поконзервативни“,
изјави Мајкл Херман, политички аналитичар во агенцијата за социолошко истражување „Сотомо“.