„По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури по 15 часот се под 15 степени, се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“, се наведува во соопштението на ЕСМ. Истовремено, од државната компанија апелираат до потрошувачите, односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа на потрошувачи
Денеска почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Скопје кои се приклучени на централниот систем за греење, соопштија од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје. Оттаму велат дека топланите во 6 часот наутро почнале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите, а производството запрело во 10 часот.

Според „ЕСМ Снабдување“, во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува компанијата.
„По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“,
се наведува во соопштението на ЕСМ.
Истовремено, од државната компанија апелираат до потрошувачите, односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
„Да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“,
велат од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.
Почетокот на грејната сезона вчера го најавија и од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), информирајќи дека таа ќе трае до 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена, во зависност од надворешните температури.
„Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидорометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 Целзиусови степени“,
изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој додаде дека цената на топлинската енегрија останува иста, а нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот „Беласица“ ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците.
Од Регулаторна апелираа до сите потрошувачи на регулираниот пазар – институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата.
