Во текот на ноќта кон понеделник, информираат од УХМР, под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер, што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени
Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а преку ден сончево и релативно топло. Кон крајот на денот во северните и западните делови се очекува да настапи мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, кој особено ќе биде изразен во западните делови.

Како што информираат од УХМР, во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен ветер од северен правец, што ќе биде проследено со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.
Минималната температура се движи во интервал од три до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува слично време – сончево и топло, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне 29 степени Целзиусови степени.
Во текот на ноќта кон понеделник, информираат од УХМР, под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер, што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени.
Утре, според УХМР, времето ќе биде променливо облачно и ветровито, со врнежи од дожд во претпладневните часови, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови.
Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.
