
Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на последното деноноќие во државава биле регистрирани вкупно 35 пожари.
Оттаму велат дека утрово се активни само два пожари и тоа во Македонски Брод, близу селото Белица, кај месноста Аргулица. Таму гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.
Вториот пожар е во Општина Боговиње, кај Ново Село, каде што гори мешана шума и ниска вегетација.
