Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (5 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Кој е поважен – прашуваат жители на Жировница: „Кафеавата мечка не смеело да се убива. А, народот нека го јаде, а?! Нека ми влезе, готова сум, ќе се предадам“; Екологистите се против отстрел: „Светлосни и звучни ефекти да се исплашат мечките, гумени куршуми дури може да се употребуваат за оние похрабрите“;
– Бевме во Пустец во текот на пописот во Албанија – додека Виктор Стојанов продолжува со бугарската кампања, жител ни покажа лична карта од времето на Енвер Хоџа во која во графата националност пишува: Македонец;
– Државниот завод за ревизија годинава објави извештаи за 9 општини – ниту една третина од локалните самоуправи не работат домаќински; Наодите се за 2021 г. – дали е подобро сега;
– Од лидерите и од оние што носат одлуки во оваа земја зависи дали Северна Македонија до 2030 г. ќе стане членка на Европската Унија – интервју со шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.