Од МВР соопштија дека осомничениот бил уапсен на подрачјето на населбата Влае. Тој се сомничи за убиство и за тешки дела против општата сигурност
Полицијата попладнево го уапсила 39-годишниот А. Д., осомничен за убиството на 36-годишниот И. Ј. во скопската населба Хром, извршено на 22 септември.
Од МВР соопштија дека осомничениот бил уапсен на подрачјето на населбата Влае. Тој се сомничи за убиство и за тешки дела против општата сигурност. По него беше распишана потерница.
Претходно денеска, од скопското обвинителство соопштија дека „осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото“.
Мајката на осомничениот за убиството, која се сомничи дека предизвикала пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, за да го прикрие убиството на 36-годишниот сопственик на станот, е приведена и определен ѝ е 30-дневен притвор.
