На денешен ден, пред точно четири години (30 септември 2019 г.) или една година по референдумот за Преспанскиот договор, „360 степени” објави интервју со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас. Во него Ципрас откри дека непосредно пред да биде потпишан Договорот од Преспа, преговорите за малку ќе пропаднеле.
„Не беше лесно да најдеме консензус за сите прашања. Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г. Коѕијас и г. Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик“ – вели Ципрас во интервјуто. Но, додава тој, надвладеала логиката и бил постигнат историскиот договор помеѓу двата соседи.
Поранешниот премиер Зоран Заев, денеска во објава на Фејсбук, вели дека денешниот ден, 30 септември, е важен во современиот развој на Северна Македонија, бидејќи „македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа, за долготрајно пријателство со соседна Грција“.
„610 000 граѓани гласаа ‘за’ на референдумот и ја поддржаа каузата „Излези за европска Македонија’, што е најголемата поддршка дадена при непосредно гласање после независноста. Бројот на гласови ‘за’ е поголем од бројот на гласови на сите победници на сите избори во историјата на државата“,
вели Заев на Фејсбук.
Погледнете го разговорот со Ципрас на петгодишнината од референдумот за Преспанскиот договор: