Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, која е на издржување затворска казна, е в понеделник (2 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени” имаме несекојдневен гостин – Гордана Јанкулоска. Пред неколку дена навршија три години откако Јанкулоска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на „мерцедесот“, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк”. Од пред неколку месеци таа доби право на викенд и други законски предвидени отсуства од „Идризово”, па последното отсуство го искористивме за да го снимиме интервјуто. Јанкулоска беше блиска соработничка на Никола Груевски и речиси девет години министерка за внатрешни работи во неговите влади – од август 2006 г. до мај 2015 г. Разговараме на повеќе теми: престојот и условите во затворот; неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; нејзиниот однос кон и со Никола Груевски; актуелниот судир во партијата; измените во Кривичниот законик; начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 г.; има ли каење за дел од постапките; плановите за во иднина…
Емисијата се емитува в понеделник (2 октомври 2023 г.) од 20:15 ч. на МРТ 1.