Ваква е реакцијата на опозициската Алтернатива откако вчера првиот човек на Правда, Кренар Лога, ја посочи неговата заменичка Викторија Аврамовска-Мандиќ како единствена која може да даде одговор на прашањето кој ги напишал „контроверзните“ измени на Кривичниот законик, кои изминатиот период ја брануваат јавноста. Воедно, одговорноста на измените во КЗ, Лога ја посочи на Собранието
Ако заменик-министерката за правда без знаење на министерот ги предложила измените во Кривичниот законик на владина седница, тогаш се поставува прашањето што прави Алијанса за Албанците во Владата.
Ваква е реакцијата на опозициската Алтернатива откако вчера првиот човек на Правда, Кренар Лога, ја посочи неговата заменичка Викторија Аврамовска-Мандиќ како единствена која може да даде одговор на прашањето кој ги напишал „контроверзните“ измени на Кривичниот законик, кои изминатиот период ја брануваат јавноста. Воедно, одговорноста на измените во КЗ, Лога ја посочи на Собранието.

„Ако Лога навистина не се согласува со промените во Кривичниот законик и ако заменик-министерката го злоупотребила неговото отсуство на седница на Владата за да ги прошверцува измените предложени од министерството кое го раководи тој, тогаш нека си даде оставка. Не може да седи на два стола – да биде на власт и во опозиција“,
велат од Алтернатива во денешното соопштение.
Од опозициската партија прашуваат зошто Алијанса за Албанците, чиј кадар е министерот за правда, продолжува да седи во владата доколку, како што велат, „никој не ги есапи“.
„Кренар Лога, со изговори кои повеќе личат на измами, бара политичка амнестија само откако ЕУ остро реагираше за амандманите на Кривичниот законик. Ако толку многу ја сака правдата, зошто не го поддржи амандманот на Алтернатива за незастарувањето на политичката корупција“,
посочуваат од партијата.
Реакцијата на опозициската партија следува откако вчера министерот за правда изјави дека одговорноста за измените во Кривичниот законик е на Собранието, а оти измените се направени со глас на одредени пратеници. Одговори на прашањата кој ги напишал измените во Кривичниот законик, кои предизвикаа бура реакции во јавноста, Лога посочи да се бараат од неговата заменичка, Викторија Аврамовска-Мандиќ.
