За утре, пак, од УХМР најавуваат променливо облачно време, а во попладневните часови и локален дожд во југозападните делови од земјава
Сончево и умерено облачно – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 19 до 30 степени.

Сончево и умерено облачно денеска ќе биде и времето во Скопје. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 12 до максимални 28 степени.
За утре, пак, од УХМР најавуваат променливо облачно време, а во попладневните часови и локален дожд во југозападните делови од земјава.