Севернокорејската државна новинска агенција претходно во средата соопшти дека Пјонгјанг одлучил да го „депортира“ Кинг, но не даде детали
Американскиот војник Тревис Кинг е во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си.
Кинг, 23-годишен специјалист за разузнавање, илегално преминал во Северна Кореја во јули. Севернокорејските медиуми наведуваат дека тој побегнал поради „нехуман третман“ и расизам во американската војска.
Не се познати неговата состојба и деталите за неговото затворање во Северна Кореја.
Пјонгјанг одлучи да го депортира
Севернокорејската државна новинска агенција претходно во средата соопшти дека Пјонгјанг одлучил да го „депортира“ Кинг, но не даде детали.
Кинг е во армијата на САД од јануари 2021 година и дојде во Јужна Кореја како дел од ротација на единицата.
Пред да влезе во Северна Кореја, Кинг помина два месеци во притвор во Јужна Кореја под обвинение за напад и беше ослободен на 10 јули.
Тој требаше да се врати во САД поради дисциплинска постапка, но успеа да го напушти аеродромот и да се придружи на обиколката на силно обезбедуваната демилитаризирана зона (ДМЗ) меѓу двете Кореи.
Семејството: Психичкото здравје му беше нарушено
Не е познато дали Кинг ќе се соочи со дополнителни обвиненија кои произлегуваат од неговата одлука да влезе во Северна Кореја.
Американскиот државен секретар, Белата куќа и Министерството за одбрана допрва треба да го коментираат случајот.
Портпаролот на семејството Кинг рече дека „не се очекуваат суштински коментари“ во овој момент, објави Ројтерс.
Семејството на Кинг претходно изјави за американските медиуми дека Кинг бил дискриминиран додека служел во војска и дека неговото психичко здравје било нарушено додека бил притворен во Јужна Кореја.
Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN