Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација, оваа година е обвинет во четири одделни кривични случаи. Федералниот закон им забранува на обвинетите лица да купуваат пиштоли. Сепак, федерален судија во Тексас го прогласи законот за неуставен минатиот септември
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за време на обиколката на продавница за оружје во Јужна Каролина, позираше со пиштол на кој е изгравиран неговиот лик на рачката. Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како поранешниот претседател се восхитува на полуавтоматскиот пиштол.
„Морам да купам еден. Сакам да купам“,
вели Трамп во видеото, пренесува Си-ен-би-си.
Сепак, неговиот тим вчера ги отфрли шпекулациите дека Трамп купил „глок“ за време на неговата посета на Јужна Каролина. Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација, оваа година е обвинет во четири одделни кривични случаи.
“I want to buy one.”
— The Recount (@therecount) September 25, 2023
— Indicted former President Donald Trump while admiring a Glock at a campaign stop in South Carolina. A Trump spokesperson later said he purchased the gun, which would be an apparent violation of federal law. pic.twitter.com/UN05jcGhMH
Голем број смртни случаи се предизвикани од огнено оружје
Федералниот закон им забранува на обвинетите лица да купуваат пиштоли. Сепак, федерален судија во Тексас го прогласи законот за неуставен минатиот септември. Во таа пресуда судијата ја цитираше одлуката на Врховниот суд со која беа укинати ограничувањата за оружје во Њујорк претходно истата година, со што беа доведени во прашање голем број закони за контрола на оружјето.
Десетици илјади луѓе во САД умираат секоја година во инциденти поврзани со оружје. Повредите од огнено оружје се водечка причина за смрт кај децата и адолесцентите, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Во 2021 година имало вкупно 48 830 смртни случаи поврзани со огнено оружје, последната година за која се достапни такви податоци за ЦДЦ. Тоа е најголемиот број на смртни случаи од огнено оружје досега во САД.