Шеесет и едногодишниот Денаро, кој боледуваше од рак кога беше уапсен, бил префрлен и задржан во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија откако неговата здравствена состојба се влошила во последните недели. Тој беше осуден за многубројни злосторства, меѓу кои и за неговата улога во планирањето на убиствата на легендарните антимафијашки обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, злосторства што ги шокираа Италија и светот
Почина, како што го нарекуваа, последниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари годинава по 30 години бегство, објави денеска новинската агенција АНСА, пренесува Ројтерс.

Шеесет и едногодишниот Денаро, кој боледуваше од рак кога беше уапсен, бил префрлен и задржан во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија откако неговата здравствена состојба се влошила во последните недели.
Денаро, како што објави АНСА, не побарал „агресивен“ медицински третман, а медицинските лица, додава агенцијата, престанале да го хранат, откако било констатирано дека е во неповратна кома.
Тој беше осуден за многубројни злосторства, меѓу кои и за неговата улога во планирањето на убиствата на легендарните антимафијашки обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, злосторства што ја шокираа Италија и светот.
Денаро, исто така, беше одговорен за бомбашките напади во Рим, Фиренца и Милано во 1993 година, во кои загинаа 10 луѓе, како и за помагање во организирањето на киднапирањето на 12-годишниот Џузепе ди Матео, за да се одврати неговиот татко од давање докази за мафијата на органите на прогонот. Момчето беше државно во заложништво две години, а потоа брутално убиено.
Наречен од италијанскиот печат како „последниот кум“, Месина Денаро се верува дека не ѝ дал никакви информации на полицијата откако беше уапсен пред приватна здравствена клиника во главниот град на Сицилија, Палермо, на 16 јануари 2023 година.
Според медицинските досиеја што протекоа во италијанските медиуми, тој бил опериран од рак на дебелото црево во 2020 и 2022 година под лажно име. Лекар од клиниката во Палермо за весникот „Република“ изјави дека здравјето на Месина Денаро значително се влошило во месеците пред неговото апсење.
Син на мафијаш, Месина Денаро, е роден во југозападниот сицилијански град Кастелветрано во 1962 година. Тој ги следел стапките на својот татко и на 15 години веќе носел пиштол. Полицијата вели дека првото убиство го извршил кога имал 18 години.
Кланот Кастелветрано беше во сојузништво со мафијашката фамилија Корлеоне предводени од Салваторе Ѕверот Рина, кој станал неприкосновен „газда на газдите“ на сицилијанската мафија позната како Коза Ностра, благодарение на неговата безмилосна борба за моќ.
Наречен Дијаболик, Месина Денаро станал негов штитеник покажувајќи дека може да биде исто толку немилосрден како неговиот шеф, добивајќи 20 доживотни затворски казни на судењата што се одржаа во отсуство за неговата улога во низа убиства.
Тој самиот еднаш тврдеше дека убил доволно луѓе за да наполни гробишта.
Денаро се криеше од 1993 година откако поголем број лица почнаа да даваат детали за неговата улога во мафијата, но инспекторите веруваат дека тој ретко се движел подалеку од Сицилија.
Според полицијата, поголемиот дел од 2022 година тој го поминал криејќи се во Кампобело ди Мазара, град со околу 11 000 жители, недалеку од куќата на неговата мајка во западна Сицилија.
Тој комуницирал со другите мафиози преку „пицини“, мали парчиња хартија понекогаш напишани со шифра и дистрибуирани од гласници, од кои некои биле пресретнати од полицијата.
Никогаш не се оженил, но се знаело дека има голем број љубовници. Денаро напишал дека има ќерка, но никогаш не ја запознал.
И покрај неговата озлогласеност, обвинителите отсекогаш се сомневале дека Месина Денаро станала мафијашки „газда на газдите“ сметајќи дека е поверојатно дека тој да бил единствено шеф на Коза Ностра во западна Сицилија.
