Од вторник, информираат од УХМР, не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Во јужните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Минималната темпепратура ќе се движи во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени.
Во Скопје времето, исто така, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.
Од вторник, информираат од УХМР, не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Во јужните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.
