Во рубриката „Микрофонот е ваш“ тема е корупцијата. Овој пат снимавме пред Клиниката за онкологија
Случајот со Клиниката за онкологија и медиумските наводи за кратење и злоупотреби на терапијата за тешко болните е тема во рубриката „Микрофонот е ваш“. Во очекување на исходот од предистрагата на обвинителството, слушнете ги искуствата на некои пацинети и роднини на пациенти на онкологија. Зборуваат за сопствените искуства, за тоа дали нешто се сменило откако изби корупцискиот скандал, дали досега им било побарано мито, дали им било побарано да платат за лек или услуга која би требало да биде бесплатна…