Во објавата на Фејсбук, министерот за економија пишува дека добил известување од дел од домашните производители на минерална вода, сокови и пиво оти доброволно се приклучуваат кон кампањата „Гарантирана цена“
Алкохолните и безалкохолните пијалаци од следната недела ќе се најдат на листата на производи за кои Владата одлучи дека до крајот на ноември ќе се продаваат по „гарантирана цена“, односно по цени кои се за 10 отсто пониски во однос на оние по кои се продавале на 1 август.
За ова преку својот фејсбук-профил денеска информира министерот за економија Крешник Бектеши.
Во објавата на Фејсбук, министерот пишува дека добил известување од дел од домашните производители на минерална вода, сокови и пиво оти доброволно се приклучуваат кон кампањата „гарантирана цена“.
Согласно тоа, како што вели Бектеши, од следната недела овие производи ќе се продаваат по намалени цени за 10 отсто во однос на цените за кои се продавале на 1 август.
„Благодариме на поддршката“,
додава Бектеши.
Согласно владината одлука, од денеска до 30 ноември, по намалени цени ќе се продаваат прехранбени производи од вкупно 24 категории. Меѓу другото, по поевтини цени граѓаните ќе може да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук.
Откако го презентираше списокот на производи кои ќе се продаваат по пониски цени, министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција кажа дека ваквото ограничување на цените очекува да ја намали целокупната инфлација во делот на храната за четири до пет отсто до крајот на ноември.