Во текот на изминатото деноноќие 83 лица не ја почитувале забраната за движење, а 56 од нив биле приведени додека на останатите им се земени податоци.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатите 24 часа на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полицајците извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што биле регистрирани три лица кои не ги почитувале овие мерки.