Следува период на стабилно време со свежи утра, а преку ден ќе преовладува сончево и постепено потопло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен.
УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
УХМР информира дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку ден ќе преовладува сончево и постепено потопло. До утре ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.
Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.