Според написите во медиумите, Трифуновиќ го шетал своето куче (германски овчар) без поводник на градската плажа во Сплит. Тоа ги вознемирило граѓаните кои во моментот биле на плажата, по што повикале полиција. Полицијата дошла брзо, а актерот влегол во вербален судир и ги навредувал полицајците, па бил приведен
Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ денеска бил уапсен од полицијата во Сплит.

Според написите во медиумите, актерот го шетал своето куче (германски овчар) без поводник на градската плажа Каштелет во Сплит. Тоа ги вознемирило граѓаните кои во моментот биле на плажата, по што повикале полиција.
Полицијата дошла брзо, а актерот влегол во вербален судир и ги навредувал полицајците, па бил приведен.
Сплитската полиција против Трифуновиќ поднела пријава за нарушување на јавниот ред и мир, односно за навреда на полициски службеници и за чување куче без надзор.
Согласно хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, глоба до четири илјади евра може да се изрече за навреда на службено лице и до илјада евра за чување куче без надзор.