Според новата програма, наставниците ќе ги учат учениците како да ракуваат со калашникови, гранати и беспилотни летала како дел од курсот „Основи на безбедноста на животот“

MANDATORY CREDIT
Рускиот претседател Владимир Путин лично одржа предавање во едно руско училиште додека на учениците им се претставуваше новата наставна програма која треба да ги упати во борбените тактики.
Според новата програма, наставниците ќе ги учат учениците како да ракуваат со калашникови, гранати и беспилотни летала како дел од курсот „Основи на безбедноста на животот“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 06 September 2023.
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) September 6, 2023
Find out more about Defence Intelligence's use of language: https://t.co/cbPJ1TMN7E
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/IFuBWE9WPL
Часовите по историја ќе вклучуваат лекции за повторно обединување на Крим со Русија и за таканаречената специјална воена операција во Украина.
„Новата наставна програма служи за три цели: да ги индоктринира учениците за оправдувањето на Кремљ за спроведување на ‘специјална воена операција’, да им всади на учениците боречки начин на размислување и да ги намали роковите за обука за понатамошна мобилизација“,
соопштија од британското министерство.
Воведувањето лекции за операции со беспилотни летала укажува на нивното растечко значење на бојното поле. Исто така, може да се очекува дека руските ветерани од првата линија ќе ги посетат учениците, се додава во соопштението.
Рускиот парламент ја одобри новата наставна програма минатата година.