Претседателот на парламентот Владимир Орлиќ, пак, одговори дека иницијативата на дел од опозицијата со воодушевување ќе биде прифатена и оти ќе им даде одговор во најбрз можен рок, односно откако ќе ги извести владата и претседателот Вучиќ

Проевропската опозиција во Србија бара итни парламентарни и локални избори во Белград до крајот на оваа година, а во спротивно најави блокада на парламентот, како и нов протест „Србија против насилството“.
Пратеникот Радомир Лазовиќ од пратеничката група Зелено-левиот клуб, на прес-конференција, рече итно распишување на изборите за по падот на режимот на владејачкиот СНС и на претседателот Александар Вучиќ да се исполнат барањата на граѓаните.
„Сметаме дека тоа е единствен начин да излеземе од криза. Ќе ја блокираме седницата додека не добиени одлука за распишување на изборите“,
рече Лазовиќ.
Пратеникот од Демократската партија, Зоран Лутовац, пак, рече дека бараат поддршка од граѓаните за парламентарните избори за да ги исполнат нивните услови и да ја стабилизираат социјалната ситуација во земјата.
Пратеникот од Еколошкото востание, Александар Јовановиќ Чута, во однос на блокадата изјави дека дел од опозицијата одлучила да ја блокира работата на денешната седница на парламентот порачувајќи дека тоа е местото каде „најбрутално“ се прекршуваат сите можни закони. Тој додаде дека денес нема да има собрание и оти ова е порака до сите што мислат дека можат да си играат со народот.
Опозициските пратеници бараат новите избори да се одржат во поинакви услови односно да се прочисти избирачкиот список и матичните книги, како и да се прекине притисокот врз гласачите во јавните и приватните претпријатија.
Во барањето за одржување итни вонредни избори се придружи и дел од десницата, меѓу кои и пратеникот Иван Костиќ од Двери кој рече дека го поддржуваат барањето на прозападната опозиција за распишување избори.
Претседателот на парламентот Владимир Орлиќ, пак, одговори дека иницијативата на дел од опозицијата со воодушевување ќе биде прифатена и одговори дека ќе им даде одговор во најбрз можен рок.
„Идејата за избори ја прифаќаме со воодушевување. Ќе се погрижиме да добијат избори во најбрз можен рок, ќе ги известам владата и претседателот. Верувам дека ќе добиеме одговор во наредните 30 дена“,
рече Орлиќ.