Екипажот, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Феџаев и Султан Алнејади од ОАЕ

Пo околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти рано денеска НАСА.
„Кру-6“ на вселенското летало „Драгон ендеваор“ на „Спејс икс“ слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од МВС.
Екипажот, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Феџаев и Султан Алнејади од ОАЕ.
Со заминувањето на четворица астронаути, екипажот на станицата повторно се намали на седум члена.