Федералната агенција за воздушен транспорт ги објави имињата на патниците и членовите на екипажот на авионот „Ембраер” кој се урна во регионот Твер, меѓу нив – Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин, пренесува ТАСС
Претходно и „Греј зона“, канал на Телеграм поврзан со групата „Вагнер“, објави дека Пригожин загинал во уривањето на авионот
Руската новинска агенција ТАСС пренесува информација од „Росавијација“ дека во урнатиот авион „Ембраер“ биле Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин.
„Федералната агенција за воздушен транспорт ги објави имињата на сите патници и членови на екипажот кои се наоѓале во авионот ‘Ембраер’ што се урна во регионот Твер, меѓу нив – Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин“,
пренесува ТАСС повикувајќи се на информации од „Росавијација“.
Во авионот, според ТАСС, биле и Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Николај Матјусеев и тројца членови на екипажот – пилотот на авионот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.
Претходно и „Греј зона“, канал на Телеграм поврзан со групата „Вагнер“, објави дека Евгениј Пригожин загинал во уривањето на авионот. Ова е прва информација што доаѓа од кругови блиски до „Вагнер“ со кои Пригожин се прогласува за мртов, но како што нагласува Би-би-си, веродостојноста не може да се потврди.
„Главата на ‘Вагнер’, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија“,
се наведува во објавата.

Во друга објава на „Греј зона“ се наведува дека локални жители слушнале два удара пред несреќата и виделе две линии на траги од чад на небото.
BREAKING:
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 23, 2023
Dmitry Utkin, call sign “Wagner” and the founder of the Wagner Group, was also killed along with Prigozhin in the plane crash in Tver.
He was the nr2 of the Wagner Group after Prigozhin. pic.twitter.com/Pnej9siPyM
Дмитри Уткин е исто така еден од основачите на „Вагнер“, како и руски разузнавач познат по тоа што има тетоважи со нацистички симболи.
Во авионот што се урна денеска во руската област Твер, северно од Москва имало уште осум лица.
Руските власти соопштија дека веќе отвориле две истраги за падот на авионот.