По поредлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена
Кавадаречкото обвинителство отвори истрага против 42-годишен маж за кого постои основано сомнение дека подолг период вршел полови дејствија врз својата малолетна ќерка, родена во 2016 година, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Како што информираат оттаму, осомничениот на својата ќерка ѝ прикажувал видеа со порнографска содржина и во повеќе наврати врз неа вршел полови дејствија.
„Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи го тоа што со девојчето живеел во иста семејна заедница, ѝ прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.
